-->
-->
Во Крива Паланка почнува фестивалот „Осоговска староградска вечер“
-->
Во Крива Паланка денеска почнува вториoт по ред фестивал на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“.
- Фестивалската програма е богата. На 8 јули, на плоштадот „Карпошово востание“, со почеток во 20 часот ќенастапат „Распеани пензионери“ од Берово, „Камелија“ од Свети Николе, „Еделвајс“ од Ќустендил, „Распеани радовишани“ од Радовиш, „Градски хор “ од Штип и домаќините, друштвото за староградска песна „Распеани паланчани“ од Крива Паланка, изјави Александар Рангелов, директор на Националаната установа Центар за култура, Крива Паланка.
„Осоговска староградска вечер“ од востановувањето има и меѓународен карактер, а организаторите,Националната установа Центар за култура-Крива Паланка и локалната самоуправа на општина Крива Паланка имаат интенции да прерасне во традиционална манифестација препознатлива за градот.
- Фестивалот има за цел зачувување на староградските песни од разни краишта кои се негувале во минатото и биле неизоставен дел од сите градски случувања. Во таа насока и пред седум години беше возобновен анасмблот „Расепани паланчани“, кој бил формиран во 1974 година, но неколку децении не бил активен.Од неговото реунирање до денес, има настапено на бројни домашни и меѓународни фестивали каде ги презентира староградските песни од Кривопаланечкиот крај, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој ги повика сите љубители ан староградскиот мелос од Североиточниот регион и пошироко да присуствуваат на настанот.
„Осоговска староградска вечер“ е дел од Годишната национална програма на Министерството за култура на Република Македонија,а се одржува во рамки на „Кривопаланечко културно лето“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија