Во Кочани се одржа планинската трка „Gratche Trail Run“
![]()
Над 150 натпреварувачи учествуваа на третиот натпревар во планинско трчање „Gratche Trail Run 2019“, што денеска се одржа на падините на Осоговските Планини, а чиј организатор е Друштвото за спортови во планина МТБ „Исток“ од Кочани.
Должината на патеката изнесуваше 13 километри, со вкупна висинска разлика од 660 метри, а учесниците трчаа низ прекрасните предели на браната Гратче, селата Горно и Долно Гратче, како и водопадите на Голема Река.
– Трката има за цел да ги промовира убавините на браната Гратче и Осоговијата, како и да придонесе за развој на планинското трчање и спортот воопшто, односно да биде поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт. На минатогодишното издание на „Gratche Trail Run“ учествуваа 190 натпреварувачи, а сличен одзив имаме и годинава, што е извонредна бројка за ваков настан. Љубителите на природата и на планинското трчање, не само од Кочани, туку и од Штип, Виница, Велес, Гевгелија, Скопје и другите градови ни се придружија на трката што во наредниот период планираме да ја прошириме, односно да ја зголемиме должината на патеката и да добие меѓународен карактер, истакна Панче Зафиров, претседател на МТБ „Исток“.
Како подготовка за планинското трчање, членовите на Друштвото МТБ „Исток“, се придружија на еколошката акција на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ и здружението „Не биди ѓубре“, при што паралелно со маркирањето на патеката ја чистеа околината на водопадите на Голема Река каде што минува и самата патека на трката.
За успешно организирање на планинската трка финансиска поддршка беше обезбедена од локалниот бизнис сектор, како и волонтери членови на МТБ „Исток“.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
