Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.
Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг.
- ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, истакна Мицкоски на прес-конференција.
Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Народот, рече, одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината.
- Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините, со јасни приоритети и уште поголема одговорност, напомена Мицкоски.
Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.
МИА
Ново на Сител
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната
-

Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Euronews
-

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
-

Санчез: Со Шпанија не се управува од Вашингтон, Тел Авив или Москва
-

Апел за помош: Да му помогнеме на Стефан, татко на едногодишно дете и полицаец кој се бори со тешка повреда
-

Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
-

Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во кикбокс: Над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, Македонија ќе атакува на четири медали
