Во Кичево започна изградбата на два нови кружни тека
Во тек е изградбата на два нови кружни тека на улицата „Маршал Тито“, пред џамијата „Бела кула“ во Кичево, на крстосницата на патот кон касaрната “Чеде Филипоски – Даме” и населбата Пашино како и еден пред самиот влез во касарната.
– За да ја подобриме безбедноста во сообраќајот, како и да обезбедиме што побрз проток на возилата, пристапивме кон изградба и на овие два кружни тека на улицата „Маршал Тито“ пред новата џамија во населбата „Бела кула“ и пред влезот во касарната, но исто така ќе се реновира и подземната инфраструктура на оваа улица со тротоари и осветлување. Оперативата на една локална градежна компанија со целиот свој капацитет деновиве забрзано започна да работи и е посветена на што побрзо завршување на овие кружени тека. Искуствата од претходно изградените кружни текови на магистралниот пат Скопје-Охрид делот кој минува низ Кичево и на булеварот „Ослободување“ потврдуваат дека регулација на сообраќајот на овој начин е најбезбедна за сите учесници во сообраќајот, како и за пешаците, ова е многу битно бидеќи оваа улица е продолжување на Старата чашија и е многу фрекфентна особено во летните месеци, рече Арбен Рустеми од општина Кичево.
Додаде дека оваа инфраструктурна инвестиција се финансира со средства од општинскиот буџет.
Ново на Сител
-
Зеленски за резултатите од самитот во Париз: Нема да се откажеме од нашата земја и независност
-
Без струја дел од Бутел и селата Горно Нерези и Горни Крушопек
-
Во Касарната „Илинден“ одбележување на петгодишнината од пристапувањето во НАТО
-
Додик призна дека во Израел бил прогласен за непожелна личност поради наредбата за апсење во БиХ
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада