Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
Тој најави дека општината ќе бара кривична одговорност за загадувањето по повеќе основи, истакнувајќи дека ќе ги преземе сите активности во нејзина надлежност за што побрза санација од хаваријата, а ќе побара помош и од централната власт.
Митовски на прес-конференција презентираше извештај на акредитираната лабораторија „Технолаб“ од Скопје од земени примероци од водата во Крива Река, според кој, како што рече, водата еден ден по хаваријата во рудникот Тораница е сериозо загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето.
-Извештајот по направеното тестирање на квалитетот на водата во Крива Река покажува неверојато зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратно зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината на олово присутно во водата. Дополнително за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот, рече Митовски.
Го повика Јавниот обвинител итно да преземе мерки за санкционирање на сторителот согласно член 218 од Кривичниот законик, кој што, укажа, предвидува затворска казна од четири до десет години за оној којшто со непридружување до прописите за заштита на животната средина ќе го загади воздухот, почвата, водата, водна површина или водотек во поголем обем или на пошироко подрачје.
-Како резултат на ова загадување на Крива Река од страна на концесионерот на рудникот Тораница загрозен е животот и здравјето на луѓето по текот на реките Тораница и Крива Река, како и флората и фауната. Загрозена е и почвата по текот на овие две реки, но и на река Пчиња на земјоделските насади кои се наводнуават од овие текови, а во ризик е ставен и сточниот фонд што се напојува од овие реки, со што се става во опасност и здравјето и животот на луѓето, рече Митовски.
Го повика Јавниот обвинтител да постапи и согласно чл. 219 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност и за оние кои ќе предизвикаат загадување на водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари за вода со оглед на тоа што водата од водотекот на Крива Река и Тораница понираат и во бунарите кои се користат за навднување или за пиење вода.
Побара Јавниот обвинител да постапи и по член 223 од Кривичниот законик со кој се предвидува казна затвор до три години за оној кој ќе загади вода за напојување на добиток.
-Од јавното обвинителство очекуваме дека ќе отвори истрага и по член 234 од Кривичниот законик кој се однесува на Тешки дела против животната средина и природата а во врска со претходно наведените кривични дела. Апелираме до сите надлежни институции да ги изведат пред одговорност и надлежните во Државниот инспекторат за животна средина, како и пратеникот Емил Спасовски кои со своите шпекулации и неаргументирани ставови на социјалните мрежи но и во медиумите пласираа опасни информации дека не се работи за загадување без притоа да знаат или да имаат соодветно испитување на водата пред да ја стават во опасност јавноста со лажно тврдење дека водата е безбедна. Сметаме дека со ова тие директно ги довеле граѓаните кои ја користат оваа вода во опасност од труење или други компликации по нивното здравје. За ова повикуваме Јавниот обвинител да отвори истрага согласно член. 355 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност за доведување во заблуда од страна на службени лица, рече Митовски.
Претходно Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, прекршок, кој е од трета категорија.
-По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24 март годинава од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање, информираа од МЖСПП.
Од Министерството појаснуваат дека според известување од страна на БУЛМАК, на 14 март во период од 06:30 до 07:00 часот се случил инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена.
БУЛМАК известил дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.
Со потпишување на записник сторителот се согласува за поведување на постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина.
Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен Регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180-000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, велат од Министерството.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“