Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава
Случај со насилство врз жена во Радовиш ја крена јавноста на нозе. Едно лице во живо на тик ток ја тепа сопругата. Насилникот бил пријавен во полиција од мајката на жртвата. Се работи за видео кое стана вирално и од јавноста се бара институцииите веднаш да ја заштитат жената, која според некои коментари била бремена. На самото видео се слуша како таа се жали од болки и го моли да не ја удира. Лицето било приведено, жртвата одбила да го пријави, но против него е поднесена кривична за телесни повреди.
-Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година.
Од обвинителството велат дека постапката е во тек врз основа на поднесената пријава.
Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единсвено врз основа на доказите во предметите.
Според стручната фела која се занимава со оваа проблематика во случајот треба да се преземат и мерки за обезбедување на жртвата. Адвокат Катерина Стисниовска вели во законодавството е нужно неопходно да ги примени начелата од ратификуваната Истанбулска конвенција според која водењето на ваква постапка не треба да зависи од волјата на жртвата.
Во меѓувреме излезе ново шокантно видео на кое 35 годишниот радовишанец откако е пуштен од полиција снимил видео со закани кое е објавено на Фејсбук и веројатно заканите се упатени кон мајката на жртвата која го пријавила.
По ова видео од обвинителството велат дека не можат да споделат повеќе детали за случајот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар