Македонија
4. јуни 2016 - 11:46

Во Кичево се одржа третата олимпијада за лица со посебни потреби

Во Кичево денеска во организација на Лајонс клуб од овој град се одржа третата олимпијада за лица со посебни потреби.

Ова година на натпреварите учествуваа преставници од Демир Капија, Битола, Прилеп и Кичево. Имаше  околу  70 учесници од сите возрасти.

Гувернерот на Дистрикт 132 Македонија од Лајонс клуб  Звонимир Цветаноски, истакна дека на денешната олимпијада нема поразени, туку сите 70 учесници се победници.

Кординаторот на Лајонс Клуб Кичево Наим Зенку посочи дека за сите учесници на денешната спортска манифестација ќе има награди и пофалници.

Олимпиадата се одвиваше во разни игри прилагодини според можностите на оваа категорија луѓе.