Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден без автомобили
Околу 200 ученици денеска во Кавадарци организирано возеа велосипеди, со што беше одбележана Неделата на мобилност која трае од 16 до 22 септември и Меѓународниот ден без автомобили.
- Традиционално секоја година па и оваа, го одбележуваме Светскиот ден без автомобили. Учениците од гимназијата „Добри Даскалов” масовно учествуваа во оваа активност, со возење на велосипеди. Годинава ни се приклучија и ученици од Основното општинско училиште „Страшо Пинџур” и од Спортската академија при Земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров”, соопшти професорот Блаже Велков.
Тој нагласи дека секоја пролет исто така, како училиште организираат слична ваква активност, насловена „Сите на велосипед”. И тогаш во возењето велосипеди, им се приклучуваат и други заинтересирани ученици.
- Изразуваме благодарност до припадниците на Министерството за внатрешни работи кои секогаш ни излегуваат во пресрет и ни ја обезбедуваат колоната од ученици на велосипеди, која се движи низ улиците на градот. Благодарни сме и до Службата за итна медицинска помош чие возило редовно не следи при ваквите наши активности. Нивна интервенција досега не била потребна, но тие се тука за секој случај, додаде професорот, информирајќи дека ја имаат поддршката на локална самоуправа Кавадарци.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ