Во Кавадарци избрани најдобрите уметнички дела од рециклиран материјал
Регионалното еколошко друштво “Еко живот” од Кавадарци, денеска ги соопшти резултатите од натпреварот за најубави еко-уметнички дела направени од рециклиран материјал изработени од ученици од неколку училишта во регионот.
- Првата и третата награда за надобро изработено уметничко дело од рециклиран материјал ја освоија групите составени од неколку ученици од основното општинско училиште “Тошо Велков Пепето” од Кавадарци. Втората награда им припадна на групата ученици од кавадаречкото основно училиште “Тоде Хаџи Тефов”, соопшти претседателот на друштвото Роберто Паризов.
Тој нагласи дека целта на овој натпревар како и впрочем на другите вакви слични кои континуирано ги организираат, е да се подигне нивото на еколошка свест и да се сфати значењето на чистата и здрава животна средина.
Паризов се осврна и на многубројните други еко активности кои им претстојат како друштво кое е член и на Движењето на екологисти на Македонија, меѓу кои решавање на проблемите со еколошки жешките точки во регионот.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија