Бизнис
26. December 2016 - 12:22

Во октомври 72,7 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во октомври годинава вкупно потрошила  640.641 мегават часови електрична енергија, 23.424 милиони нормални метри кубни природен гас, 344.347 тони јаглен и 103.179 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 93,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.