Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
Бизнисот ги чека евтините унгарски пари, банките условите од Развојната банка. Деталите кои компании ќе можат да аплицираат за 250 те милиони евра, се во завршна фаза.
Комерцијалните банки веќе почнале преговори со заинтересираните клиенти и реално очекуваат почетокот на февруари овие пари да им бидат одобрени на фирмите.
Има многу компании, многу дејност. Реално очекуавме после празниците да ги добиеме упатствата од Развојната банка. Во јануари има многу неработни денови, очекуваме се да заврши во јануари, во кратки рокови ќе пристапиме кон потпишување, евентуално февруари фирмите веќе да ги имаат овие кредити одобрено, изјави Нина Неданоска, заменик претседател на УО на Шпаркасе банка.
Парите треба да завршат во производствени компании кои носат раст и додадена вредност, велат од бизнисот. Добро е , велат ,што ќе им се помогне на малите фирми кои изминативе години има проблем со ликвидноста и што каматата е поволна.
Што побрзо стигнаат овие пари, тоа подобро. Но релевантно е тоа што немаме чисти парамети. Основните ги знаеме, но сепак, чекаме упатства. Години наназад имавме многу тешки периоди, економски сме исцрпени, а растото од 5,6% кон кој се стремиме лежи во малите и средни претпријатија, изјави Горан Горѓиевски, Сојуз на Стопански Комори.
Евтините пари треба да бидат наменети за добри проекти, без разлика од кој секот се. Секако, првенствено треба да бидат неменеити за производтсво, а ако останаат и за други сектори. Намената на 250 те милиони евра дава до знаење банките да ги намалат каматите, кои изминативе години беа доста високи - 5,6 до 7%, изјави Менди Ќура, прет на Стопанска комора на северозападна Македонија
Евтиниот унгарски кредит е вин вин ситуација , каде и банките и фирмите се добитиници, сметаат експертите. Барааат Народната банка да се вклучи како регулатор, а во иднина да се размислва за докапитализација на Развојната банка.
Монетарниот регулатор може и мора да биде вклучен во механзимите, да не бидат банките притиснати. Треба да гледаме и на страна на банките, бидејќи имаат кредитен ризик, изјави Синиша Наумовски, член на совет на Народна банка.
Со постигнатиот договор меѓу Владата и банките, одлучено е каматата за 250 те милиони евра од 3,25% кон унгарската Експорт Импорт да ја плати државата. Компаниите пак, на банките ќе им платат камата од 1,95 отсто.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар