Во Кавадарци 80 болни од грип, во Неготино ниту еден
Осумдесет лица заболени од сезонски грип се пријавени во Центарот за јавно здравје од Кавадарци оваа сезона, а во Неготино засега нема регистрирано ниту едно грипозно лице, информираа денеска докторите Ристе Јовановски и Иванка Тодоровска.
- Според нашите податоци состојбата со грипот е во благ пораст бидејќи само во изминатата седмица се евидентирани 19 грипозни наспроти претходните седмици кога беа пријавувани по 3,7 или 8 грипозни лица. Уште сега бројката на заболени со грип ни е дупло повеќе од истиот период минатата година. Се очекува бројката на заразени од сезонски грип да расте со почетокот на второто полугодие во училиштата кога и раздвиженоста на учениците ќе биде поголема, рече Јовановски од Центарот во Кавадарци.
Јовановски и Тодоровска нагласија дека службите и понатаму ќе ја следат состојбата со грипот во овие два града.
Ново на Сител
-
Треновски: Оптимистички буџет со бројки кои тешко ќе се достигнат
-
Падна дел од барокната фасада на зграда во центарот на Скопје
-
Медиумска писменост ќе се воведе и во средното образование
-
Преглед на вести од светот
-
Мицкоски: Нема да го менуваме уставот додека не добиеме јасни гаранции
-
СДСМ бара комисиска седница за директорот на АНБ
-
Нова градинка во Ѓорче Петров
-
Глобална недела на медиумската писменост