Во Канада за една година 25.000 обиди за самоубиство
Во истражување објавено од канадскиот Институт за здравствени информации се вели дека во периодот од 2018 до 2019 година, 25.000 лица биле примени во болници поради обиди за самоубиство.
Животот го загубиле околу 3.800 од нив, што е просечно нешто повеќе од 10 лица на ден, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека самоубиството е деветта водечка причина за смрт во Канада.
Новите податоци покажуваат дека девојчињата и жените на возраст од 10 до 24 години имаат трипати поголема веројатност да се самоповредат отколку мажите на иста возраст.
Стапки на смртност од самоубиство биле највисоки кај мажи на возраст од 45 и повеќе години.
Истражувањето исто така покажа дека има двојно повеќе обиди за самоубиство кај луѓе со пониски приходи, во споредба со оние кои живеат со најголеми приходи.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат