Во Истанбул уапсени уште 20 исламисти, засилени мерки на безбедност за новогодишната ноќ
Полицијата во Истанбул уапсила 20 лица, од кои 15 странски државјани, поради сомнеж дека се поврзани со Исламската Држава. Апсењата доаѓаат откако во масовни полициски рации во петокот беа уапсени околу 200 осомничени исламисти.
Минатата новогодишна ноќ, во Истанбул беше извршен крвав терористички напад врз ноќен клуб во кој исламист уби 39 славеници. Турската новинска агенција Анадолија јавува дека безбедносните сили веруваат оти уапсените исламисти подготвувале слични напади. Над 37.000 полицајци ќе бидат ангажирани за обезбедување на новогодишната ноќ во Истанбул и низ Турција, а ќе бидат поставени и бетонски пречки за да се спречат напади со камиони.
Засилени безбедносни мерки се применуваат насекаде низ светот. Во Лондон, градот кој во 2017 година претрпе неколку исламистички напади, полицијата најави дека ќе распореди свои вооружени припадници и дека ќе постави бетонски пречки низ граот. Во Париз се очекува да бидат распоредени над 100.000 плицајци и војници за новогодишните и божиќните празници, додека во Берлин е поставена посебна зона во која жените ќе бидат безбедни од малтретирање. Италија ги засили безбедносните проверки на аеродромите, а традиционалниот богојавленски собир на плоштадот Бефана на 6 јануари ќе биде откажан откако организаторите не можеле да платат за дополнителните безбедносни мерки. Во Москва ќе бидат распоредени 45.000 полицајци, откако беа примени илјадници лажни дојави за терористички напади, а во Санкт Петерсбург беше уапсена група исламисти и беше извршен еден бомбашки напад.
Ново на Сител
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''