-->
-->
Во Гостиварско со МРП вакцинирани 83 проценти од децата
-->
Во Гостиварско со МРП не се вакцинирани 350 деца од кои најголем број се од градот. Во училиштата вакцина не примиле 25 деца. Според здравствените работници, опфатот со вакцинација за првите три месеци од годинава достигнал 83 проценти, што е извесно подобрување споредено со минатата година. Од денеска почна и теренската имунизација.
– Процентот на вакцинираните деца е зголемен, но тоа е незадоволително. Особено и заради фактот што процентот го подигаат здравствените пунктови, а во градот опфатот е и натаму слаб. Затоа апелирам до родителите да не потпаѓаат на антивакциналните кампањи, бидејќи вакцината е најбезбеден и најсигурен начин на заштита, велат од Одделот за имунизација во Здравствениот дом Гостивар.
Посочија дека добиле дополнителни количини на МРП вакцини и залихите се пополнети со вакцини од холандски производител. Од појавата на малите сипаници, во Гостивар регистрани се 25 заболени лица од различна возраст.
Појавата на морбили во Гостивар, здравствените работници ја објаснуваат и со опфатот со вакцинација минатата 2018 година, кој изнесувал 52 проценти. Од 822 деца кои подлежеле на вакцинација, лани имунизирани биле 431 дете и бил најнизок опфат во последните 40 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот