Македонија
14. March 2020 - 14:06

Во Гостивар се спроведуваат засилени мерки и вонредна дезинфекција на улици и контејнери

Општинските власти од вчера започна со спроведување на засилени превентивни мерки со кои се опфатени улиците, контејнерите за отпад. Дезинфекција е спроведена и во седиштето на општина Гостивар.

Од локалната самоуправа, информираат дека во склоп на преземените активности, во справувањето со „Ковид-19“, денеска била спроведена целосна дезинфекција на сите простории на општинската зграда.

Изминативе два дена во вечерните часови се врши дезинфекција и се мијат главните градски сообраќајници, а акцијата ќе продолжи и во наредните денови.

Од општина Гостивар уште еднаш апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови без потреба и да ги следат препораките на Светската здравствена организација и установите на јавното здравје во нашата земја.

Од појавата на вирусот во Македонија, во Гостивар, до четвртокот во изолација беа 11 лица кои во меѓувреме не покажале знаци на болест.

 

Ново на Сител