Свет
21. May 2021 - 18:55

Во Франција уапсен маж кој за еден месец 27.000 пати се јавил во полиција

Маж во Лион е уапсен поради вознемирување на полицијата откако во рок од еден месец им ѕвонел 27.000 пати на телефон, соопштија тамошните власти.

Мажот, чие име не е соопштено, од 7 април до 18 мај ѕвонел на телефонот на разни полициски и жандармерски станици во Франција, а на оние кои му се јавувале, им зборувал за секс, особено ако диспечерите биле жени. Како што објавуваат француските медиуми, вкупно 34 лица се жртви на неговото вознемирување.

47-годишникот бил уапсен вчера во еден хотел во Лион, а после психијатарскиот преглед му бил утврден притвор и чека сослушување кај истражниот судија.