„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
Според статистичките податоци на аналитичката компанија „Каналис“ (Canalys), американската компанија „Епл“ (Apple) има седум уреди во „Топ-10 листата“ за телефони со најголема испорака на крајот на 2024 година. На врвот е „Ајфон 15“ (iPhone 15), како водечки модел во продажбата ширум светот. На второто и третото место се „Ајфон 16 про макс“ и „15 про макс“.
Процентуално, „Ајфон 15“ сочинува 3 насто од проценетите 1,22 милијарди телефони испорачани во 2024 година. Врз основа на оваа статистика, испорачани биле 33,6 милиони паметни телефони од овој модел.
„Самсунг“ (Samsung) е, според оваа анализа, единствениот преостанат бренд што се наоѓа на листата на 10 најпродавани брендови. Говорејќи за оваа јужнокорејска компанија, на овој список се наоѓаат „Галакси А-15“, „А-15 5-г“ и „С-24 ултра“.
Ново на Сител
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток