Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија
Во првата половина од 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската унија забележаа благ пораст во однос на втората половина на 2023 година, од 28,3 евра за 100 киловат часови (kWh), на 28,9 евра за 100 kWh.
И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите и, според податоците од Европскиот Завод за статистика, Евростат, вкупните даноци се зголемени за 16 отсто, во однос на втората половина од 2023 година. Споредено со првата половина од 2023 година, кога цената на струјата изнесуваше 29,4 евра за 100 kWh, цените во првата половина од 2024 година забележаа помал пад.
Просечната цена на гасот падна за седум отсто, во однос на истиот период во 2023 година, од 11,9 евра за 100 kWh на 11 евра за истото количество. Цените на гасот се исто така пониски за два отсто во однос на втората половина на 2023 година. Гледајќи ги истите цени без даноци, според Евростат, тие се намалени за околу 12 отсто.
Во однос на првото полугодие од 2023 година, учеството на даноците во сметките за електрична енергија е зголемено од 18,5 на 24,3 отсто, за 5,8 процентни поени, додека кај сметката за гас е зголемено од 22,8 на 27,4 отсто, што претставува раст од 4,6 процентни поени.
Највисоки цени на струјата вклучувајќи ги даноците за домаќинствата во првата половина од 2024 година се забележани во Германија, каде што цената е 39,5 евра за 100 kWh, потоа Ирска со цена од 37,4 евра и Данска со цена од 37,1 евро за 100 kWh.
Најниска цена на струјата имаа унгарските домаќинства, со цена од 10,9 евра за 100 kWh, потоа Бугарија со 11,9 евра и Малта со цена од 12,6 евра, пренесува Finance hr. Хрватска ја има цената на струјата колку Малта, а заедно со Словачка е во петте земји од ЕУ со најниска цена на струјата, покажуваат податоците на Евростат.
Помеѓу првата половина на 2023 година и првата половина на 2024 година, цените на гасот за домаќинствата, вклучувајќи ги даноците, беа намалени во 15 од 24 земји на ЕУ кои пријавија цени на гасот.
Цените на бензинот, во национални валути, најмногу паднаа во Литванија, за 60 отсто и во Грција и Естонија, каде што цените на гасот паднаа за 39, односно 37 отсто, објави Евростат.
Напротив, меѓу земјите кои забележаа раст на цените, најголем пораст на цените има во Италија, за 16 отсто, Франција за 13 и Романија за седум отсто, додека во Словенија цената остана непроменета. Хрватска, според овие податоци, забележа благ пораст на цените.
Во индустрискиот сектор, сите земји пријавија пад на цените на гасот, што го потенцира евентуалниот надолен тренд низ ЕУ.
Ново на Сител
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност