Дигитален мост - собраниски хакатон
Виртуелен асистент кој ќе ве поздрави и ќе ги одговори најчестите прашања за Собранието, четбот кој ќе сублимира седница, робот кој ќе ги поентира најважните точки од говорите на пратениците. За да не се изгубите во лавиринтот на податоци, барајќи одлуки од седници, и донесени закони на официјалната веб-страница на Собранието, младите информатичари на хакатон покажаа каков напредок во дигитализацијата ако се примени вештачката интелигенција.
Со примената на бизнис интелигенција врз собранискиот систем, студенти информатичари сметаат дека младите повеќе ќе се заинтегираат за работата на Собранието и ставовите на политичките опоненти. Од Собранискиот дом отвораат простор за имплементација на овие системи на веб-страницата.
Македонија не држи чекор со дигитализацијата во Европа. Дека назадуваме во повеќе области во изманатите години нотираа и надлежните од министерството за дигитална трансформација. Во моментов е отпочната работата за кроење на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар