Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 118 случаи
Во последното деноноќие во Дебар потврден е еден нов случај со Ковид-19, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата, досега, достигна 206 заразени.
Активни се 118 лица, починати се седум, додека останатите се оздравени.
-Поголемиот процент од активните случаи се со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, дел се лекуваат амбулантски во нашата болница, додека десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје, потврдуваат од Општата болница во Дебар.
Официјалните податоци потврдуваат дека поголемиот број или 155 се во втората фаза, односно од петти јуни до денеска, наспроти 51 колку што имаше во првата фаза.
Посебно загрижува фактот што во втората фаза на болеста поголемиот број се млади.
Затоа надлежните редовно апелираат посебно до младите, кои во голем број се во кафулињата и се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро, да ги почитуваат препораките за носење заштитна маска и одржување дистанца.
Според Одделението за внатрешни работи во Дебар, во последното деноноќие нема казнети дебрани за неносење заштитна маска.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите