Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век
Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира кон крајот на вториот и почетокот на третиот век.
Митко Штерјов, раководител на археолошките истражувања, вели дека во самата гробница откриени се повеќе наоди од керамика и монети.
– Се работи за една индивидуа, кој бил голем великодостојник, кој владеел во овој простор. Инаку на овие простори откриени се околу десеттина могили. На овој локалитет биле пет, една е откриена во 1941 година, втора е уништена со правење на земјоделските комбинати, две успеавме да сработиме јас и колегата Ване Секулов од Заводот и Музеј од Струмица. Останува уште една на овој локалитет, изјави денеска Штерјов.
Археологот Секулов вели уникатноста на гробницата е во нејзината структура. Досегашните искуства на могилите на овие простори се прикриени само со земјена обвивка, но оваа е ѕидана и по тоа се разликува.
– Овде на ова место и во 2013 година кога се работеше, претходната могила, исто така се откри ѕидана, односно конструкција од реден речен камен, којашто беше со помали димензии од годинашната. Оваа се разликува од претходната што е многу поголема по димензии 16 на 12 метри, висока скора четири метри и особено се издвојува по тоа што кон врвот на могилата водат четри скали, кои се исто така направени од камен, вели Секулов.
Тој истакна дека на врвот на могилата пак бил направен посебен простор со редни камени, со правоаголна форма, каде што била поставена последната жртва на покојникот.
– Сакам да напоменам дека во оваа могила се погребани три индивидуи. Значи централниот гроб, заради кој се подигнала оваа могила и врз која е подигната камената конструкција. Се работи за голем гроб, димензиите му се 3,30 на 2,30 метри, длабок е половина метар и се разликува по тоа што во него не пронајдовме остатоци од кремација. Трите гроба се кремација, односно покојниците биле спалувани. Но овде е запазен ритуалот, односно гробната јама пред положувањето на покојникот била горена за да се исчисти од злите духови и во централниот дел од гробната јама е ископано посебно лежиште, каде била поставена урната, рече Секулов.
Археолиозите Секулов и Штерјов велат дека централниот гроб на оваа могила бил ограбен уште во времето на антиката, многу брзо после погребувањето. Штерјов најави дека по откриевањето на ваквите ретки наоди ќе достават проект до Министерството за култура и туризам, со цел да се конзервираат двете гробници и да се добие уште една туристичка понуда во Општина Карбинци, покрај археолошкиот локалитет „Баргала“.
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон