Во Австрија расте поддршката за прием на Западен Балкан во ЕУ
Пред утрешното претставување на Извештајот за напредокот за држвите кандидати, во Австрија расте поддршката за прием на држави од Западен Балкан во ЕУ.
Истовремено постои јасно одбивање за членство на Турција.
- Поддршката за одделни кандидати на Западен Балкан и покрај малото подобрување и понатаму е на ниско ниво, но интересно е дека опаѓа одбивањето, вели генералниот секретар на австриското Друштво за европска политика (ОеГфЕ) Пол Шмит.
Тој, по повод анкета на ОеГфЕ вели дека постои единствен став за прашањето за потенцијалните кандидати од Балканот освен за Турција чие членство во ЕУ не го сакат Австријците.
Членство на БиХ во ЕУ поддржуваат 31 отсто Австријци и истовремено 36 отсто одбиваат членство на таа држава. За Србија 29 отсто поддржуваат членство додека 45 отсто одбиваат, а 15 отсто се рамнодушни по прашањето за прием во Унијата. За Црна Гора 27 отсто Австријци даваат поддршка, 39 одбиваат, а 24 отсто велат дека им е сеедно.
За Македонија 26 отсто поддржуваат членство, 41 отсто одбиваат и 25 отсто се рамнодушни.
За Албанија и Косово Австријците имаат ист став по 23 отсто поддршка, 46 отсто против и 22 отсто велат дека им е сеедно.
На другата страна кога станува збор за Турција само девет отсто поддржуваат членство на државата во ЕУ, додека 76 отсто одбиваат Анкара да биде во Унијата, 13 отсто велат дека им е сеедно.
Споредбата на резултати од анализи во изминатите осум години покажува дека расте поддршката за кандидати од Западен Балкан додека во исто време се засилува отпор за прием на Турција во ЕУ.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка