Во англискиот град Плимут убиени пет лица, загинал и напаѓачот
Пет лица се убиени синоќа во напад во англискиот град Плимут, а според досегашните информации, нападот го извршило едно лице.
Скај њуз, повикувајќи се на полициски извори, објави дека пет лица се убиени, три жени и двајца мажи, а на местото на инцидентот е пронајдено и мртвото тело на напаѓачот.
Пратеникот од Плимут, Џони Мерсер, на својот профил на Твитер објави дека ова не е терористички напад, но додаде дека станува збор за „сериозен и трагичен“ инцидент и од граѓаните побара да ги слушаат упатствата на полицијата.
Би -Би -Си јавува дека полицијата побарала од граѓаните да останат во своите домови.
Весникот „Плимаут Хералд“ информира дека над градот биле забележани повеќе хеликоптери за брза помош, а многу амбулантни возила и уште повеќе полицајци на улиците. Неколку улици низ градот беа затворени за сообраќај.
„Полицијата е повикана во врска со сериозен инцидент со пукање во Бидик Драјв, во областа Кехам, во Плимут, околу 18 часот и 10 минути“, соопшти полицијата, пренесе „Индипендент“.
„Пристигнаа полициски службеници и амбулантни возила. Неколкумина загинаа на местото на настанот, а неколкумина се повредени. Прогласен е критичен инцидент. Областа е затворена и полицијата верува дека ситуацијата е под контрола”.
Според извештаите на британските медиуми, пет или шест лица загинале, а полицијата го убила напаѓачот.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари