Свет
29. јуни 2024 - 8:47

Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм. „Меѓу жртвите има и две деца.

Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.

Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот.