Внокот и купил на својата баба скапа Луи Витон ташна, па останал без текст кога видел за што ја користи!
Имено, тој неодамна и подарил оригинал „Луј Витон“ ташна, а кога видел за што ја користи останал шокиран.
Во една прилика го пречекала со ташната полна со прехранбени намирници и жива риба.
Изгледа заборавил да и напомене дека ташната која и ја подарил не е за пазарење. Исто така веројатно не знаела дека чини повеќе од илјада долари.
Со фотографијата која ја споделил на тамошната социјална мрежа напишал дека му било жал да ја гледа својата баба како со години ја користи истата стара торба, па се решил да и подари скапоцена.
Сепак, откако дознал за што ја користи, му било жал да и каже, бидејќи таа била пресреќна дека новата ташна е водоотпорна и цврста. Единствено и сметало што е тешка.
Многумина ја искористиле приликата да се пошегуваат на нивна сметка, па еден од корисниците напишал:
„Твојата баба е веројатно најдотераната личност на пазар, веројатно оди како да е на модна писта. Сигурно и на рибата и пораснала вредноста“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?