ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за унапредување на детската заштита
Лицемерно е СДСМ на чело со Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска да се фалат дека реализирале проекти за унапредување на детската заштита.
Ако СДСМ водеше грижа за детската заштита немаше да го укине додатокот за трето дете.
Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.
Пратеничката група на СДСМ не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија кои предвидуваа да им се помогне да најзагрозените семејства во Македонија.
Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.
СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.
Сето ова говори за негрижата на владата во доменот на детската заштита.
Време е метлата да заигра што поскоро и Заев да си замине од власт.
Ново на Сител
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка