ВМРО-ДПМНЕ: Укинувањето на засебниот предмет историја е обид на Заев да ја избрише македонската историска наука
Власта на Заев систематски работи на анационалните политики. Неговата сервилност и газење по националното и државното достоинство се гледа во намерата да го укинат како посебен предметот историја во основното образование.
Јавноста е сведок на обидите на власта на Заев за ретуширање на историјата на Македонија и македонскиот народ. Тоа се гледа и во неговото интервју во кое го омаловажи антифашистичкото движење на македонскиот народ и антифашистичките темели на кои е изградена Македонија како држава. Во истото интервју најави дека Македонија и Бугарија имаат иста, а не споделена историја и ја оспори засебноста на македонскиот јазик.
Сега гледаме дека неговото интервју било најава на операцијата која што министерката Цароска се обидува да ја спроведе, а тоа е да го девалвира предметот историја со цел научниот континуитет на македонската историја да го сведе на минорно изучување во рамки на нивната измислица општествени науки во основно образование.
Ова е опасен обид на власта на Заев да се избрише македонската историска наука и да се влијае врз најмладите генерации да го прифатат Заевото предавничко поимање на македонската историја, народ и јазик.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта