Македонија
4. March 2025 - 18:47

Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар

Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автотпатот Тетово Гостивар близу „неготинска клучка“ една жена го загуби животот, а две лица се тешко повредени.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистерски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „,мерцедес“ со словенчки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар.

- Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во „пежото“. Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник сите од Охрид, констатирани во урегентното одделение во гостиварската болница, рече портпаролот Реџепи.

За време интервенцијата на спасувачките екипи и брзата помош, сообраќајот на овој дел од патот (кон Гостивар од клучка за Неготино) е во прекин и возилата се пренаосчуваат по помошните патишта.

Увид на местото на несреќата врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.