ВМРО-ДПМНЕ: Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше
Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски.
Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува.
Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани.
Бараме од институциите ОЈО МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за Целосно расчистивање на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ