-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да одлучува врз основа на аргументи, институциите не смеат да се злоупотребуваат во политички цели
-->
Секој ден поминат во притвор на овие луѓе е тортура врз нив и нивните семејства. Дел од тие луѓе се хронично болни лица, кои зависат од терапијата и лекарски прописаниот начин на живот, кој е задолжителен за нивното здравје. На овие лица притворот директно го загрозува и нивниот живот, се наведува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да одлучува врз основа на аргументи, институциите не смеат да се злоупотребуваат во политички цели
Не постои никаква основа политички обвинетите за настаните од 27-ми да останат во притвор. Тие не сториле кривично дело тероризам за да може да го повторат. Тие 6 месеци немаа причина да избегаат, а немаат ни сега. Впрочем голем дел од нив сами се пријавуваа во судот. Никој од нив ниту имал намера, ниту се обидел да влијае врз истрагата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
- При разгледувањето на нивните приговори по последните одлуки, судот мора да ги земе предвид овие факти. Судот мора да одлучува врз основа на аргументи, а не политички. Судот мора да знае дека неоснованото држење во притвор ќе влијае како на репутацијата на судството и целиот правен систем, така и на државата во целост. Судот треба да се води исклучиво врз основа на закон. Секој ден поминат во притвор на овие луѓе е тортура врз нив и нивните семејства. Дел од тие луѓе се хронично болни лица, кои зависат од терапијата и лекарски прописаниот начин на живот, кој е задолжителен за нивното здравје. На овие лица притворот директно го загрозува и нивниот живот, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека судот не смее да си поигрува со законите.
- Правната држава мора да биде императив на постоењето и делувањето на правосудните органи. Правосудството не смее да дозволи Република Македонија да биде посочувана како земја на политички затвореници. Судот има и начин и сила тоа да го запре. Република Македонија мора и може да биде правна држава. Тоа е основна вредност на едно демократско општество. На сите општествени чинители во Република Македонија мора да им стане јасно, без демократски институции, кои се водат исклучиво по законите и принципот на владеење на правото, државата нема да мрдне ниту чекор напред кон Евроатлантските институции. Република Македонија мора да стане правна држава. Институциите не смеат да се злоупотребуваат во политички цели. Институциите исклучиво мора да бидат служба на граѓаните. Сите општествени и политички чинители имаат обврска да се стремат кон тоа, порачуваат од партијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани