ВМРО-ДПМНЕ: Стоп за пописот кој ќе биде фалсификат
СДСМ и Заев не сакаат попис според европски стандарди и ЕУРОСТАТ регулативи, туку сакаат фалсификат попис со што би се исполниле нечии политички концесии
Власта на чело со СДСМ и Зоран Заев во Собранието на шверцерски начин, со европско знаменце протнаа закон за попис на населението и домаќинствата, спротивен на европските стандарди и регулативите на ЕУРОСТАТ. И се на штета на граѓаните на Република Македонија, за која подоцна СДСМ и нивните партнери ќе треба да одговараат.
СДСМ и Заев не сакаат попис кој што ќе биде признаен од сите фактори во државата, туку сакаат нереален попис - попис според она што се договарал со своите коалициони партнери. Според тоа, Заев на сила протурка закон во Собранието без јавни дебати и дискусии и од обична статистичка операција, пописот на населението и домаќинствата го претвори во политичка операција.
Јавноста е сведок за тоа како, иако пописот се уште не спроведен, се лицитира со бројки, проценти и конечни резултати. Тоа е доказ дека СДСМ и Заев не сакаат статистички попис како во секоја нормална европска држава, туку сакаат попис со што би се исполниле нечии политички концесии. Тие во Собрание изгласаа закон за нереален попис, без претходно утврдена методологија. Попис кој нема да потврди кој е резидент, односно жител во Македонија, а кој не е и е само државјанин на Република Македонија. И сето тоа само дополнително ќе создаде конфузија и ќе даде искривена слика за статистичката состојба во државата.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе собира потписи за укинување на овој озаконет фалсификат, се со цел носење на реален закон за попис на населението, закон кој ќе биде според сите европски стандарди и ЕУРОСТАТ регулативи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?