ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2018 има пари за патни трошоци, нема за повисои плати на полицијата
СДС ги лаже граѓаните.
СДС ветуваше се и сешто, но со новиот Буџет за 2018 година кој е најголемиот досега, лагите се ставени и на хартија, а пратениците на СДС ќе ги гласаат.
Пари за патни трошоци и расипништво на Заев и неговите функционери ќе има како никогаш досега, но ќе нема пари за повисоки плати на полицијата. Пари за стоки и услуги ќе има како никогаш досега, но затоа ќе нема ослободување од даноци на ситните земјоделци кои ќе плаќаат и повисоки акцизи.
Повеќе пари за невладините организации ќе има, но затоа ќе нема пари за проектите со кои Заев ги лажеше граѓаните само да го добие нивниот глас.
СДС на граѓаните над 65 годишна возраст им вети пензија проект доколку живееле над 20 години во Македонија. Во Буџетот за 2018 таков проект не е предвиден.
Неодговорниот Зоран Заев ги излажа овие граѓани кои се надеваа дека од државата ќе добијат државна пензија, а не го оствариле правото на пензија преку стаж.
СДС и Зоран Заев ветуваа живот за сите, а граѓаните гледаат само живот за Заев, Вице, Анѓушев и криминалниот клан околу нив.
Граѓаните гледаат дека власта бескрупулозно се злоупотребува само за богатење на криминогената врхушка на СДС и фирмите кои ја помагале партијата.
Лагите на СДС се гледаат и веќе не можат да поминат. Откако Заев ќе замине од власт, ќе се врати правдата, а сите што сториле криминал ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши