ВМРО-ДПМНЕ: Секоја изјава на Заев треба да се земе со огромна доза на резерва
Зоран Заев е срам за Македонија.
Јавноста слушна како го валкал достоинството на Република Македонија многу пред да го потпише капитулантскиот преспански договор. Тој уште во 2014 година го пцуел името на државата. Тоа само покажува дека овој човек нема апсолутно никаква почит кон националните и државните интереси. Неговата зацртана цел била да дојде и да се дограби до гола власт и истата да ја искористи за лично богатење и богатење на фирмите блиски до неговиот клан.
Да биде уште потрагично тој го поганел името Македонија во 2014 година, а во време на кампањата за парламентарните избори во 2016 година се колнеше во своите деца, во своите предци дека нема да го промени името. Тој споменуваше некаква негова македонска жица, па ветуваше дека нема да го менува уставот и уставното име, за да на крај без срам и перде го направи тоа за кое што од 2014 година мечтаел, да промени име на држава за да краде. Тоа само покажува дека овој човек безочно лаже. Ги лажел и своите сопартијци, но го лажел и сопствениот народ. Го пцуел името Македонија.
Заев е човек со образ ѓон.
Не само што си ги менува ставовите, туку и лаже со цел да се добере или да остане на власт. Секоја негова изјава треба да се земе со огромна доза на резерва, бидејќи таа може да крие некоја подла и зла намера. Јавноста веќе го прочита и знае каков човек е Заев. На изборите на 12 април ќе биде казнет од граѓаните.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре