ВМРО-ДПМНЕ: Неаргументирани критики од СДСМ кога ВМРО-ДПМНЕ нешто гради
СДСМ по правило секојпат неаргументирано критикува кога ВМРО-ДПМНЕ нешто гради или реконструира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, кој ја коментираше промената на одлуката за Универзалната сала во Скопје.
Според ВМРО-ДПМНЕ, проектот „Јајце“ е во трајна сопственост на Министерството за култура и согласно законските рамки исполнети се сите обврски кон проектантите.
- Владата на Република Македонија работи со анализи, транспарентно и одговорно. Оттука е и одлуката дека во овој момент кога се привршува новиот објект на Македонската Филхармонија, нема потреба од инвестирање 65 милиони евра во објект за нова Универзална сала, туку ќе се изврши комплетно реновирање на постојната за сума 4 пати пониска од потребната за изградба на нова, се вели во реакцијата.
СДСМ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е и против градење нови објекти за културата, но и против реконструкција на постојните.
Ново на Сител
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина