ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е најзадолжена во историјата
Македонија е најзадолжена во историја, најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа, а Заев бесрамно јаде од златни лажици
Дури фамилијата на Зоран Заев јаде со златен прибор кој чини над 50 000 евра, над 54.000 лица останаа без работа за само една година, а уште 50.000 други работници не земаат редовно плата.
Заеви уживаат во луксуз и златни лажици кои вредат цело богатство дури половина милион граѓани на Македонија живеат во сиромаштија со две евра на ден.
Да биде безобразието поголемо Заеви се фалат со своето богатство стекнато со матните зделки и тендери во време кога народот нема ни за леб, кога десетици илјади семејства на тутунари, лозари, оризари не можат да си ги земат тешко заработените пари.
Се дури е Заев власт до тогаш ќе гледаме како Македонија тоне. Дури тој ужива во златниот прибор, Македонија е најзадолжена во историјата, најнесреќна, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Македонија стана членка на СЕПА
-
Лицата со дијабет бараат државата да им обезбеди квалитетни сензори, глукомери и ленти за мерење шеќер во крвта
-
Мерко пред Струшкиот суд за поставување директори во основни училишта
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН