Лицата со дијабет бараат државата да им обезбеди квалитетни сензори, глукомери и ленти за мерење шеќер во крвта
Сојузот на здруженија на дијабетичари бараат здравствените власти да им обезбедат квалитетни глукомери и ленти за мерење шеќер во крвта. Во пресрет на новата двегодишна набавка на сензори, односно системите кои им се неопходни за да го контролираат дијабетесот инсистираат главен критериум да бидат минималните стандарди за квалитет пропишани од Европската и Американската агенција за лекови, а не минималната цена.
Во спротивно лицата со дијабет стравуваат дека ќе се соочат со компликации по здравјето, хоспитализации во болница и мозочни удари.
-Останува приоритетно барањето за трансформација на моделот за достапност на глукомери и ленти до секој пациент Тип 2 на инсулин во аптеките по „референтна цена“ без одлагање, согласно ЕУ правилата и намерите на Министерството за здрасвтво и Министерот за здравство уште оваа година, имајќи во предвид дека се работи за префрлање на надлежност кон ФЗОСМ со подзаконски акти, тоа да се спроведе најбрзо, изјави Диме Велев, претседател на СЗДМ.
Од Сојузот потенциераат дека со оваа јавна набавка се засегнати 40.000 лица со дијабетес кои се на инсулин од кои 4000 се со Тип 1 и за сите нив бараат сензори. Јавните барања ги испратиле до Премиерот и министерот за здравство од каде наредниот период треба да го распишат новиот тендер.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар