Македонија
6. March 2025 - 19:48

Мерко пред Струшкиот суд за поставување директори во основни училишта

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска повторно седна на обвинителна клупа, овојпат за незаконско поставување на директори во основни училишта.

Мерко на судењето кое се однесуваше за Браќа Миладиновци истакна дека не се чуствува за виновен, директорката пак тврдеше дека била именувана од страна на министерството за образование на таа функција иако според записникот на државниот просветен инспекторат била поставена спротивно на законот без квалификации. Судењето пак за училиштата во Подгорци, Лабуништа и Велешта се одложи.

Судијата Јованов рече дека сведоците на следното рочиште ќе бидат спроведени со полициска асистенција.

Против градоначалникот Рамзи Мерко се поднесени вкупно девет обвиненија, за кои има активни судски постапки, а во секоја му е запретена и затворска казна. Тој е и на црната листа на САД од 2023 година поради вмешаност во корупција.