ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДСМ не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците
ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но највеќе направија за своите џебови и богатење на лични сметки.
СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на се погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ.
Тоа е така зошто и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија.
Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата.
ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти.
СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно се и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ.
Ваквата политика и Македонците, и Албанците како и сите останати граѓани во Македонија ги донесе на работ на егзистенцијата.
20 години ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци