ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, граѓаните молат за термин за тестирање
Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат.
И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението.
Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови?
Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?!
Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно!
Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните!
Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот