Македонија
17. April 2025 - 12:33

Охридското езеро во еколошка криза

Подземните води во близина на дивите депонии понираат токсини кои се излеваат во Охридското езеро.

Охридското езеро во еколошка криза.Урбанизацијата ,човечкиот фактор ,користењето на пловилата ,и депониите се едни од најчестите загадувачи на водниот басен.Иако езерото има моќен систем на самопрочистување сепак поради загадувањето старее забрзано.

Подземните води и извори кои се наоѓаат на пониско подземно ниво во близина на дивите депонии понираат токсини кои се излеваат во Охридското езеро.

Хотели, угостителски објекти, шанкови, приватни домови на брегот со години наназад го загадуваат езерото на одредени точки.Отпадните води кои се вливаат во него се сериозен еколошки проблем.