ВМРО-ДПМНЕ: Цената на спрегата на Заев со мафијашко подземје ја плаќаат граѓаните и полициските службеници
СДСМ и Заев на криминалците им дадоа закрила и дозвола да царуваат со улиците во Република Македонија. Откако СДСМ дојде на власт целосно се наруши безбедноста во Македонија и повеќе никој не е сигурен ниту надвор, а ниту во својот дом.
СДСМ по принципот „секој си се грижи за своите“ само што ја презеде власта ослободи над 800 криминалци кои повеќе од две години дивеат по улиците. Како резултат на амнестијата која СДСМ им ја даде на овие лица секојдневно сме сведоци на грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, како што можевме да видиме и стрелање на полициските службеници.
Полицаец на должност во Велес беше ранет од страна на лице од лице кое било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестија кој што го донесе СДСМ пред две години.
Цената на спрегата на Заев со криминалното мафијашко подземје ја плаќаат граѓаните и полициските службеници во државата.
Три години СДСМ, Заев и Спасовски се занимаваат со криминал и црни зделки, наместо со ред и мир. Токму затоа криминалците во Македонија имаат заштита и слобода да дивеат и хараат на секоја една педа во земјава.
Охрабрени од врхушката на власт, криминалците во пресрет на изборите почнаа за го отплаќаат долгот за слободата и да одработуваат за спас на Заев и СДСМ.
Зоран Заев за да си ја спаси сопствената кожа спремен е да ги ризикува животите на сите граѓани во Република Македонија, но и на полициските службеници. Секој еден човек во Македонија се плаши да не биде застрелан тој или член на неговото семејство.
Заев и СДСМ наместо живот како што ветуваа донесоа беда, страв и криминал во Република Македонија.
Ужасот кој го донесе Зоран Заев завршува на 12-ти април кога ќе биде испратен на црната страна на историјата и потоа ќе одговара за сите криминали и злодела. Зоран Заев никогаш повеќе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај