ВМРО-ДПМНЕ: Битолската болница е болница на смртта
Очекувано сликите кои доаѓаат од македонските болници и денеска се главна тема околу која меѓусебно се обвинуваат политичките партии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашува во која друга земја живи и починати пациенти се третираат во иста соба, вперувајќи го прстот кон владата како главен виновник за загубените животи.
Заради неспособноста на Филипче со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително луѓето се позајмуваат за да можат да се тестираат, а додека чекаат резултати остануваат и без работа. Сведоштвата кои ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и неретко ги пишуваат и на социјалните мрежи се траорни. Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој саат од КОВИД 19, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писменото соопштение испратено утрово.
Реагираше и партискиот портпарол,
„Ова е ужас. Во македонските болници владее целосен хаос, безживотни тела оставени се во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие во организација на Филипче и на Заев.
Овој ужас од фотографиите се обидуваат да го сокријат, да не се види нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта, да мине без реакција и одговорност за тоа што го посведочи цела македонска јавност, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на други два пациенти им се дава инфузиска терапија. Грозоморно!“ – реагираше партискиот портпарол кој утрово објави ново видео.
За владејачката СДСМ, ваквите соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ се продолжување на како што велат црната кампања против здравствениот систем.
Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните. Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски – се вели во реакцијата на СДСМ.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка