Властите на Њујорк уапсија 120 криминалци
Главниот обвинител во Њујорк соопшти дека се покренати обвиненија за 120 членови на две криминални банди од квартот Бронкс, повеќето од нив задржани при операцијата, оквалификувана како најголема меѓу криминалните групи во историјата на градот, јавува БТА.
- Денеска се обидуваме да елиминираме две свирепи улични банди - „Ту флај“ (2Fly) и „Би-Ем-Би“ (BMB-„Шефовите со големи пари“), кои се обвинети за повеќегодишен хаос по улиците на Бронкс, преку насилство меѓу соперничките банди и невините луѓе, се наведува во соопштението на обвинителот на Менхетен Пријт Бхарара.
Од 120 лица, 78 се приведени во вторникот и средата наутро при координирани акции на њујоршката полиција и федералните агенции, со учество на голем број на службеници и опрема.
„Огромен успех во разбивањето на криминалните банди оваа ноќ во Бронкс“, напиша на Твитер њујоршката полиција, без да соопшти детали.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер