Македонија
24. July 2018 - 19:31

Владата донесе Одлука за остварување договорен откуп на произведената пченица од род 2018

Владата на денешната 81-седница ги усвои измените на Предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, заедно со предлог Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања.

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа програма и со новата уредба, кои се предложени заради воведување на нова подмерка - Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 од домашно производство, се очекува остварување на договорениот откуп на произведената пченица од род 2018 година и ќе се подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија.