Тенис
4. July 2016 - 22:30

Вимблдон: На Бердих и Весели им се стемни

 

Чешкото осминафинале на Вимблдон кај мажите е прекинато поради темница. Петиот решавачки сет Бердих и Весели ќе го доиграат утре откако резултатот е 2-2 во сетови, а Бердих не искористи пет меч топки.

На другите осминафинали мечеви кај мажите беа постигнати следниве резултати:
Чилиќ - Нишикори 6:1; 5:1 Нишикори предаде поради повреда
Федерер - Џонсон 3-0 (6:2; 6:3 и 7:5)
Квери - Махут 3-0 (6:4; 7:6 (7:5); 6:4)
Пулие - Томиќ 3-2 (6.4; 4:6; 3:6; 6:4; 10:8)
Раониќ - Гофин 3-2 (4:6; 3:6; 6:4; 6:4; 6.4)
Цонга - Гаске 4:2 Гаске предаде поради повреда
Мареј - Киргиос 3-0 (7:5; 6:1 и 6:4).
 
Во четвртфиналето во среда ќе играат:
Квери - Раониќ
Федерер - Чилиќ
Цонга - Мареј
Пулие - Бердих/ Весели