Виктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет добитници на Рациново признание
Добитници на годинашното почесно Рациново признание се професор доктор Виктор Фридман од Чикаго, САД, и професор доктор Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.
– Организацискиот одбор на Рациновите средби одлучи Виктор Фридман, светски познат лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика и македонстика на Универзитетот во Чикаго, да го добие ова признание, заради неговите заслуги за македонскиот јазик, македонската лингивистика и македонистика во САД и светот, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.
Професор Јоуко Сакари Линдстет, професор по филологија на Унверзитетот во Хелсинки од 1986 година е учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти.
Тој е врвен светски славист, македонист и балканист, а како што појасни Коцевски, признанието го добива во знак на благодарност за афирмација на македонскиот јазик, македонската лингвистика во Финска и во многу други европски и светски земји.
– Сигурен сум дека токму сега кога некој ни го оспорува нашиот мајчин јазик – македонскиот јазик, двајцата великани кои искрено се посветени на афирмација за македонскиот јазик, литература и култура, во јавноста силно ќе одекне веста за меѓународната поддршка на македонскиот јазик и на македонската култура. Научните истражувања на двајцата покажуваат дека македонскиот јазик и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри со што македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските јужнословенски и нејужнословенски јазици, потенцира Коцевски.
Дел од содржините се планира да се одржат во живо до колку тоа го дозволат здравствените власти со почитување на здравствените мерки. Онлајн содржините може да се организираат во ова време и малку подоцна.
-Со тоа ќе се продолжи времетраењето на Рациновите средби и тие подолго време би биле присутни во јавноста, рече Коцевски.
Тоа би било преку електронски пат, можност да учествуваат на Рациновите средби поголем број на писатели од светот, а пренос да има во живо на Јутуб каналот и некои од телевизиите, а со поставување на видео бимови на повеќе локации во Велес.
Организацискиот одбор донесе одлука за доделување на Рациновото признание за кој конкурсот ќе биде распишан пред 13 јуни, денот на трагичното убиство на Коста Солев Рацин. По неколку години пауза ќе биде модифицирана и наградата „Антологија на болката“ за која првично преовладува мислењето на Организацискиот одбор, но конечната одлука треба да биде донесена на следната средба. Првичната нивна размисла е оваа книжевна награда да се доделува за најдобра песна на јавен конкурс кој би се објавил најмалку 30 дена пред оддржување на Рациновните средби, а право на учество ќе имаат поети од Северна Македонија и светот кои ќе учествуваат со своја песна на мајчин јазик и превод на англиски јазик, појасни Коцевски.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши