Македонија
3. September 2024 - 12:25

Видео надзор во три средни и пет основни училишта

24 часовно обезбедување во охридските училишта.

Во рамките на проектот Безбедни училишта поставен е видео надзор во три средни и пет основни училишта се со цел да се спречат било какви инциденти,насилство и булинг  во и околу школските згради додека учениците ја посетуваат наставата.

Работа во една смена со продолжен престој до 16 часот има само во неколку училшта.

Околу 435 првачиња во основните училишта во Охрид го започаа својот образовен процес. Бројка која од година во година се намалува ,инаку според статистиките најмногу запишани деца имало во учебната 2022/2023 со 523 првачиња.