Фудбал
18. August 2016 - 18:05

Вест Хем го загуби скапиот Ају!

Напаѓачот на Вест Хем Јунајтед, Андре Ају, поради повреда ќе паузира четири месеци, соопшти клубот.
 
Ају, кој во преодниот рок од Свонси пристигна во Вест Хем, се повреди на премиерниот меч во новата сезона. Мечот со Челзи тој го заврши во 35.минута.
 
„Ају го повреди квадрицепсот и ќе мора да биде опериран. Ќе отсуствува од терените четири месеци“, потврдил првиот човек на клубот Дејвид Голд.
 
Андре Ају е најскапото засилување во историјата на Вест Хем, Свонси од негоиот трансфер заработи 25 милиони евра.