Вершбоу: НАТО мора да ја зајакне својата застрашувачка способност

Заменик генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу изјави дека на јулскиот Самит во Варшава би било добро да се изврши зајакнување на „застрашувачката способност на Алијансата“.
За порталот натоаактуал.цз, Вершбоу оцени дека „формулирањето на застрашувачката политика“ е потребно не само поради Русија, на која во моментот мисли мнозинството, туку и поради потребата за спротивставување на заканите што доаѓаат од сите страни.
- Сигурно дека треба повеќе да им помогнеме и на нашите соседи на Истокот - Украина, Грузија, Молдавија и нашите партнери на Блискиот Исток, рече високиот претставник на НАТО.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Вершбоу посебно позитивно ја оцени иницијативата на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), идната година да испратат воени единици во балтичкиот регион, кои наизменично ќе се менуваат од армиите на земјите-членки.
- Прво е потребно да се одговори на директните закани од Русија. Ние треба ефективно да се соочиме на нејзиниот агресивен став, со кој ја демонстрира својата подготвеност да употреби сила против своите соседи и нејзината способност да ги промени меѓународните граници и да ги дестабилизира суверените држави, рече Вершбоу во врска со соработката меѓу НАТО и Русија.
Тој, потенцира дека за да може да се обнови тоа Партнерство, Москва би требало драстично да го смени своето однесување, а првиот чекор би бил целосно спроведување на Договорот од Минск за надминување на конфликтот во Украина.
Ново на Сител
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
